• среда, 25 декември 2024

Гагова и Богојевски победници на 22-то издание на Шри Чинмој маратонот

Гагова и Богојевски победници на 22-то издание на Шри Чинмој маратонот
Скопје, 4 јули 2021 (МИА) - Варенија Гагова во женска и Сашо Богојевски во машка конкуренција се победници на традиционалниот Шри Чинмој маратон на себенадминување, што денеска се одржа во Скопје. На маратонот што по 22. пат се трчаше на кејот на реката Вардар, Бугарката Гаганова постигна време од 4:57:05, додека во машка конкуренција домашниот натпреварувач Богојевски го истрча маратонот со време од 2:53:36, пред сонародниците Тони Цветковски (3:10:36) и Столе Ангеловски (3:16:49) Во полумаратонската трка во женска конкуренција најбрзо време постигна Адријана Поп Арсова (1:29:00), додека кај мажите победи Дарио Ивановски со време 1:11:41. Натпреварувањето се одржа во организација на Македонската атлетска федерација и Шри Чинмој маратон тимот од Скопје. ег/сп/

Остани поврзан