• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Габриел Магалхаес ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната

Габриел Магалхаес ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната

Лондон, 3 април 2025 (МИА) -  Централниот дефанзивец Габриел Магалхаес ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната, соопшти неговиот клуб Арсенал.

Бразилецот во наредните денови ќе мора да оди на операција, а „топчиите“ се надеваат дека тој ќе биде фит за стартот на новата сезона во август.

Габриел (27) се повреди во првото полувреме на натпреварот против Фулам во вторникот, кој Арсенал го доби со 2-1. Тој принудно беше заменет пред паузата, но од штабот на Арсенал се надеваа дека неговата повреда не е толку сериозна.

Дефанзивецот е клучен играч во тимот на менаџерот Микел Артета. Сезонава забележа 42 настапи за Арсенал во сите натпреварувања, постигна пет гола и три асистенции, а пропушти само четири натпревари.

Арсенал е на второто место во табелата во Премиер лигата со преостанати осум кола, а тимот е и четвртфиналист во Лигата на шампионите. дс

Фото: Архива

Остани поврзан