• четврток, 19 декември 2024

Габриел Ескобар утре доаѓа во  посета на Тирана

Габриел Ескобар утре доаѓа во  посета на Тирана
 
 
Тирана  10 април 2023 (МИА) -  Специјалниот пратеник на Соединетите американски држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, утре ќе допатува во официјална посета на Албанија.
 
Според медиумите тој ќе престојува од 11 до 13 месецов а посетата се случува во пресрет на изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат на 14 мај.
 
Утре попладне Ескобар  ќе оствари средба со претседателот на државата Бајрам Бегај, а потоа и со премиерот Еди Рама
 
Следниот ден планирани се средби со опозицијата , со вршителот на должноста претседател на опозициска  Демократска партија, Енкелејд Алибеај,  пратениците Газмент Барди и Јорида Табаку,  како  и со лидерот  на опозициската Партијата на слободата, Илир Мета.
 
Последен пат Ескобар ја посети Тирана во април минатата година заедно со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид. вт/
фото - епа

Остани поврзан