Вo текот на една недела санкционирани 206 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
- ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 18 до 24 ноември 2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 206 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 18 до 24 ноември 2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 206 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од ЈП ПОЦ велат дека заедно со Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на општината. Потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. сст/мд/
фото ЈП ПОЦ