• четврток, 26 декември 2024

Вo руините на полски замoк пронајден ковчег со сребро од Втората светска војна

Вo руините на полски замoк пронајден ковчег со сребро од Втората светска војна

Нови Сач, 19 јуни 2020 (МИА) - Во полскиот град Нови Сач, се наоѓал кралски замок од 14. век, кој бил делумно разурнат за време на Втората светска војна. Во неговите урнатини пак, тамошните археолози открија сандак со сребрени предмети.

Наодите се ископани од претставници на Асоциацијата за историски истражувања. Во ковчегот има сребрени чаши, вазни, прибор за јадење и садови - вкупно 103 предмета изработени во Полска и Австрија во 19. и 20. век.

Се смета дека среброто им припаѓало на тамошните Евреи, кои германските окупатори 1942 година ги држеле и егзекутирале кај замокот.

Градот Нови Сач е основан од Вацлав Втори Бохемски во 1292 година, осум години пред тој да стане крал. Местото се наоѓа недалеку од важен трговски пат за Унгарија, што го прави стратешки важна точка.

Во Втората светска војна, замокот послужил како засолниште за германските војници, затвор и складиште за оружје. Зданието во 1945 година е минирано од полските партизани. си/сд/

Остани поврзан