• петок, 22 ноември 2024

В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување

В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување

23 октомври 2024

Во врска со самоволната изјава од вработената Тина Мицковска со која изјавува, цитирам ,,Иако АХВ уредно по закон и по проткол известиле и пратиле допис до ЗОО Скопје уште претходниот ден што ќе се случува, ние најголемиот дел вработени не бевме информирани". Оваа нејзина изјава е целосно невистинита, а со истата свесно, со намера ја дезинформира јавноста, свесно ги вознемирува граѓаните, создава чувство на страв и паника, но и истата изјава е целосно лажна што претставува кривично
дело.

Имено до ЈУ Зоолошка Градина Скопје не е доставен никаков налог, ниту известување од страна на АХВ на 19ти Октомври ниту претходниот ден 18ти Октомври. Напротив АХВ без налог, без известување, без присуство на овластено лице, врши наcилен упад во ЈУ Зоолошка градина Скопје и врши масакр на здрави, украсни птици за кои не е утврдено присуство на птичји грип.


Зоран Попов
В. Д. Директор на ЈУ Зоолошка градина Скопје

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан