• среда, 25 декември 2024

В понеделник тет-а-тет Мицотакис- Ердоган, Атина се надева на мирно лето во грчко-турските односи

В понеделник тет-а-тет Мицотакис- Ердоган, Атина се надева на мирно лето во грчко-турските односи
Aтина, 11 jуни 2021 (МИА) – Цврста позиција на Владата и на премиерот е дека каналите на комуникација со соседната земја треба да останат отворени. Ние сме за конструктивен дијалог, секогаш базиран на меѓународното право и со целосно почитување на меѓународните обврски што ги има преземено секоја земја, истакна портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, во пресрет на тет-а-тет средбата Мицотакис – Ердоган в понеделник, и додаде дека Грција се надева на мирно лето во односите меѓу двете земи, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер и турскиот претседател ќе се сретнат во Брисел по завршувањето на НАТО самитот, а Пелони истакна дека ова ќе биде првпат Мицотакис и Ердоган да разговараат сами и нема да следи состанок на двете делегации. Додаде дека во изминатите месеци веќе беа активирани сите канали на комуникација меѓу двете земји. -Различни позиции со Турција постоеја и постојат. За многу прашања нашите позиции се дијаметрално спротивни. Токму ова е причината дека треба да разговараме со соседната земја. Тоа што не се согласуваме, не значи дека не разговараме, истакна портпаролката на грчката Влада. ср/зш/

Остани поврзан