• четврток, 26 декември 2024

В понеделник нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина

В понеделник нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина

Брисел, 16 јули 2021 (МИА) – Европската дипломатска служба потврди дека в понеделник ќе се одржи нова рунда преговори помеѓу Белград и Приштина, чија цел е нормализирање на односите и изнаоѓање трајно решение за косовското прашање, јави дописничката на МИА од Брисел.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти ќе допатуваат во Брисел за оваа нова рунда под медијаторство на специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел.

Предвидени се изјави за новинарите пред и по средбата, најавија од кабинетот на Борел. тм/паг/

Остани поврзан