• недела, 17 ноември 2024

Вујовиќ се врати на тренерската функција во Вардар

Вујовиќ се врати на тренерската функција во Вардар
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) – Веселин Вујовиќ е нов тренер на македонскиот ракометен шампион Вардар. Одлуката е соопштена на денес од страна на претседателот на Вардар 1961, Михајло Михајловски. Црногорскиот ракометен стручњак ќе ги предводи вардарци по трет пат. Претходно во Скопје работеше од 2006 до 2009 година и од 2011 до 2013 година. Вујовиќ на тренерската функција во Вардар ќе го наследи Стевче Алушовски кој го предводеше тимот до „двојна круна“ во сезоната 2020/21. зс/

Остани поврзан