• четврток, 19 декември 2024

Вујовиќ: Може да ме сакаат, може да ме мразат, но додека сум јас тренер мора да гинат за Вардар

Вујовиќ: Може да ме сакаат, може да ме мразат, но додека сум јас тренер мора да гинат за Вардар
Скопје, 15 јули 2021 (МИА) – Под водство на старо-новиот тренер на Веселин Вујовиќ, македонскиот ракометен првак Вардар денес го имаше првиот официјален тренинг во пресрет на сезоната 2021/22. За впечатоците од првата средба и за очекувањата од тимот Вујовиќ истакна: „Како и секогаш сите играчи не доаѓаат исто подготвени на тренинзите, некои дојдоа во подобра форма, некои во полоша, но во секој случај има позитивна атмосфера, амбиент кој ни дозволува да работиме опуштено. Пред нас е тешка задача, бидејќи сите очекуваат од Вардар трофеи. Ниту јас како тренер, ниту играчите, ниту македонската јавност не се задоволува со просечност. Им кажав на играчите, може да ме сакаат или да ме мразат, но додека јас сум тренер мора да го остават срцето на терен, да гинат, да се борат и да докажат дека го заслужуваат дресот“. Вујовиќ се надева на пласман на „Фајнал фор“ турнирот од СЕХА лигата во Задар, и успешни настапи во Лигата на шампионите. - Имаме добра група во Лигата на шампионите. Нема противник за кого ќе кажам со сигурност дека ќе го победиме, но можеме да играме со сите и да бидеме во ситуација да победиме, додаде Вујовиќ. Вардар по мини-подготовките во Скопје, ќе замине во Златибор каде условите за работа во „пеколниот“ летен период се подобри. зс/

Остани поврзан