• вторник, 24 декември 2024

Вучиќ ја испрати Лајен: Ви благодариме за сета помош, поддршка и разбирање кон Србија

Вучиќ ја испрати Лајен: Ви благодариме за сета помош, поддршка и разбирање кон Србија

Белград, 26 октомври 2024 (МИА) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово на белградскиот аеродром Никола Тесла ја испрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и и се заблагодари за помошта, поддршката и разбирањето што таа, како што рече, „секогаш го покажувала кон Србија“.

Во објава на Инстаграм, Вучиќ изрази очекување дека со Лајен на чело на ЕК, партнерството на Србија со ЕУ ќе биде „посилно, поблиско и пообемно“.

- Почестени сме од вашата посета, се надеваме дека почесто ќе доаѓате кај нас, а следниот пат ќе имаме уште повеќе резултати за фалење. Среќен пат и се гледаме наскоро, додаде Вучиќ во објавата.

Урсула фон дер Лајен престојуваше во дводневна посета на Србија, како дел од балканската турнеја каде, меѓу другото, разговараше за напредокот на партнерите од Западен Балкан на патот кон ЕУ, како и за планот за раст на ЕУ од шест милијарди евра.

Претседателката на Европската комисија моментално е во посета на Косово, каде ќе разговара со премиерот Албин Курти, а потоа ќе отпатува за Црна Гора. јт/

Фото: Инстаграм

Остани поврзан