• понеделник, 23 декември 2024

Вучиќ: Целта во надворешната политика е да ја провлечам Србија низ иглени уши за да нема последици

Вучиќ: Целта во надворешната политика е да ја провлечам Србија низ иглени уши за да нема последици

Белград, 24 март 2023 (МИА) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Сомбор изјави дека неговата цел во надворешната политика е „да ја провлече Србија низ иглени уши“ за да не има последици „во овие луди времиња“ кога е невозможно рационално со никого да се разговара во светот.

Вучиќ, на церемонијата по повод Денот на сеќавање на загинатите во бомбардирањето на НАТО на СР Југославија во 1999 година, рече дека треба да се сочува Србија и „секое наше дете без разлика каде живее“. Тој потенцираше дека нема да ја предадат државата на тацна, ниту ќе се најде „оправдување за сето злосторство што го направија“, пренесува Бета.

- Ни претстои тежок период. Наше е да се бориме обединето за нашата земја. Да, сакаме мир, нема да имаме никакви конфликти, ниту со НАТО, ниту со никого. Но, ќе си ја зачуваме државата, и кога ги кажуваме црвените линии, не си играјте со тоа и не притискајте понатаму, рече Вучиќ. ссм/

Остани поврзан