• среда, 18 декември 2024

Вучиќ: Хистерија околу посетата на Лавров

Вучиќ: Хистерија околу посетата на Лавров
Белград, 6 јуни 2022 (МИА) - Ваква хистерија и организирани напади врз мала земја како Србија одамна не сум видел. Не можете да разберете колку пати е побарано од Србија да го откаже гостопримството на шефот на руската дипломатија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во Дневник на РТС, осврнувајќи се на откажувањето на посетата на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, додавајќи дека за него не е премногу изненадувачки што Лавров не можеше да дојде во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ нагласи дека мора да го изрази своето несогласување со забраната за обид за разговор, како и незадоволството од севкупната атмосфера во Европа и светот. -Нашето одбивање секогаш да бидеме дел од глутницата некому предизвикува главоболка. Таа хистерија што можевте да ја видите во претходните 24 часа покажа што сакаат. Гледаат дека на Русите не им можат ништо, па мислат дека имаат право да не удираат по глава затоа што не можат на Русија, нагласи Вучиќ, нагласувајќи дека не мисли на големите сили, како што е САД, туку „на оние малите" од Карл Билт до Хрватска. -Србија ќе ја задржи својата политика на независно одлучување, но Србија мора да побрза на својот европски пат бидејќи тоа е најдобро за Србија, оцени Вучиќ. Тој изјави и дека Србија поради кризата во светот де факто има воведено вонредна состојба. -Америка воведува вонредна состојба поради струја. Во Швајцарија де факто е вонредна состојба поради струјата. Сакам да им дадам информации на луѓето. На руската нафта на граѓаните на Србија од џебовите им се одземени 600 милиони долари годишно поради санкциите кон Русија. Треба да вложиме дополнителни пари за гас. Во петок со Унгарија се потпишува договор за гасно складирање. Проблем е количината на јаглен и проблемот е ремонт. Проблеми ќе имаме со нафтата. Правиме се!, рече Вучиќ. об/ссм/

Остани поврзан