• петок, 27 декември 2024

Вучиќ се сретна со претставници на Квинтата, но одби да соопшти детали

Вучиќ се сретна со претставници на Квинтата, но одби да соопшти детали

Белград, 14 јуни 2023 (МИА) - Претседтелот на Србија Александар Вучиќ се огласи по средбата со претставници на државите од Квинтата, но потенцираше дека не сака да соопшти за деталите од средбата.

„Донесов одлука да не кажам ниту еден збор за средбата со претставниците на земјите од Квинтата и шефот на делегацијата на ЕУ во Србија. Мислам дека е подобро за сите“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Претседателот на Србија се сретна со претставниците на земјите од Квинтата - САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на делегацијата на ЕУ. Средбата се одржа во зградата на Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија. ссм/

фото: Инстаграм профил на Вучиќ

Остани поврзан