• среда, 25 декември 2024

Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност

Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност

Белгград, 24 декември 2023 (МИА) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ свика итен состанок на Советот за национална безбедност, пренесува РТС.

Претходно беше најавено дека пред 23 часот тој повторно ќе се обрати до нацијата.

Вучиќ, претходно вечерва изјави дека е важно да се зачува мирот и повика на воздржаност.

„Важно е да се зачува мирот, да се уапсат насилниците и да се обезбеди иднината на нашите деца. Сакам, драги пријатели, да знаете дека секогаш сум на моето работно место и подготвен да ја заштитам стабилноста на земјата, повикувам на воздржаност, но и недвосмислено да ја зачуваме државата.Наша Србија.Единствена“, напиша претседателот Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Попладнево, пак, одржа прес конференција на која оцени дека никаква револуција не се одвива и дека протестираат само околу 2.000 лица. ссм/

фото: архива

Остани поврзан