• вторник, 24 декември 2024

Вучиќ - Лајчак: Дијалогот продолжува и се што е договорено мора да се исполни

Вучиќ - Лајчак: Дијалогот продолжува и се што е договорено мора да се исполни
Белград, 15 октомври 2020 (МИА) - Дијалогот мора да продолжи, Србија е посветена на постигнување компромис и се што е договрено мора да се исполни, е заеднички став на српскиот претседател Александат Вучиќ и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, по нивна вечерашна средба, јави дописникот на МИА од Белград. Српскиот претседател разговорите ги оцени како конструктивни и кажа дека е „подобро да имаме дијалог, отколку да не разговараме, подготвени сме за дијалог и ќе одиме во Брисел на разговори со цел постигнување компромисно решение и нормализирање на односите“. - Целосната имплементација на Бриселскиот договор е услов без кој не се може за успешност на дијалогот, оцени Вучиќ на прес-конференција по средбата. Тој образложувајќи го договореното во однос на Заедницата на српски општини (ЗСО), кажа дека „Приштина ја избегнува својата обврска со овој договор и дека Србија ќе инсистира на имплементација на договореното“. - Зошто водевме преговори со Приштина? Очевидно дека некои луѓе немаа доволно храброст, на својата јавност да и кажат дека сите решенија се идеални... Секое решение за кое разговараме е тешко. Но подобро е така, отколку да им оставиме на нашите деца да војуваат во иднина. Мораме да сфатиме дека во наш интерес е да имаме компромис и дека мирот и компромисот не се пораз, истакна Вучиќ. Лајчак изјави дека на крајот од дијалогот не треба да има ниту едно отворено прашање и дека е разговарано за прашања кои досега не се отворени во дијалогот, како и за оние за кои е постигнат договор, а не се исполнети. - Мене ми е разбирливо дека некои прашања предизвикуваат емоции поради нивната тежина, но она што е важно е „се што е договорено, мора да се оствари и да се исполни“, нагласи Лајчак. Тој посочи дека во Приштина имал повеќе состаноци и дека на сите нив е постигнат заклучок дека процесот на дијалог продолжува и се што е договорено мора да се исполни. - Следен чекор е да се разговара за статусот на ЗСО, и тие преговори ќе се водат во Брисел, изјави Лајчак. Тој оцени дека е против давање рокови за решавање на косовското прашање, ниту вештачки да се забрзува процесот, ниту да се одолговлекува, напоменувајќи дека овој процес е врзан со европерспективата на двете страни. об/гт/

Остани поврзан