• сабота, 16 ноември 2024

Вучиќ: И Србија и ЕУ да ги остават настрана гордоста и ароганцијата;Жофре: Пристапувањето во ЕУ бара храброст за спроведување реформи и решавање тешки прашања

Вучиќ: И Србија и ЕУ да ги остават настрана гордоста и ароганцијата;Жофре: Пристапувањето во ЕУ бара храброст за спроведување реформи и решавање тешки прашања

Белград, 9 мај 2024 (МИА) - Србија ќе остане на европскиот пат, без разлика дали е популарен или не, изјави денеска во Белград претседателот на таа држава, Александар Вучиќ, посочувајќи дека Белград и ЕУ треба да ги остават настрана „гордоста и ароганцијата“ и да разговараат за иднината, јави Бета.

На приемот по повод Денот на Европа 9 мај, што го организираше шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград, Емануеле Жофре, Вучиќ рече дека ориентацијата кон Унијата е „некогаш помалку, а понекогаш попопуларна“ во Србија, но дека тоа е „стратешка позиција која нема да се менува според дневната политика“.
Жофре изјави дека Унијата е целосно посветена на поддршката на Србија во процесот на пристапување во тој блок и посочи дека за тоа е потребна политичка волја и храброст за спроведување на реформите и решавање на тешките прашања.

Жофре рече дека ЕУ е отворена за прифаќање нови членки и дека сега има „нова можност“ која Србија треба да ја искористи заедно со целиот Западен Балкан.

„ЕУ е целосно посветена да ја поддржи Србија и нејзините граѓани да се приклучат на нашиот европски дом, каде што припаѓате. За ова се потребни постојани напори за реформирање на земјата, политичка волја за спроведување на реформите и храброст да се решат сите тешки прашања во тој процес". зш/

Остани поврзан