• недела, 24 ноември 2024

Вучиќ и Курц разговараа за евроинтеграциите, миграциите и Отворен Балкан

Вучиќ и Курц разговараа за евроинтеграциите, миграциите и Отворен Балкан
Белград, 4 септември 2021 (МИА) - Австрискиот канцелар Севбастијан Курц e во посета на Белград, каде од српскиот претседател Александар Вучиќ доби Орден на Република Србија. Во разговорите најголем акцент беше ставен на евроинтергативните процеси, миграците, економијата и Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград. - Ние како Република Австрија и во рамките на ЕУ континурано се залагаме за постапката на придружување и за европската перспектива на Србија и земјите на Западен Балкан, и таа поддршка Австрија ќе ја дава и во иднина, изјави Курц на прес-конференцијата во Белград. Курц посочи дека е важно ЕУ да биде предвидлива, бидејќи тоа е темелот на довербата во Унијата и дека е важно да се препознае огромниот напредок на Србија изразувајќи надеж за отварање на кластерите во процесот на пристапните преговори. Српскиот претседател на новинарско прашање за неговиот скептичен пристап кон проширувањето на ЕУ одговори дека тоа е реален факт, „за кој малку се зборува, бидејќи никој не сака да зборува за тоа, дека има повеќе земји во ЕУ кои не само што се уморни, туку и не сакаат проширување и би било фер некој да ни го каже тоа“. - Доколку Македонија го смени името и почне да се вика Северна Македонија, и доколку не постои политичар кој не го поддржа тоа со ветување за отварање на преговори со ЕУ, па тоа не се случи и тогаш се појави некоја земја која тоа го условува со незнам што, а нас ни велат направете десет работи од владеењето на правото и незнам што се не, и потоа не отвориме ниту едно поглавје и тргнеме во уставни реформи, тогаш се поставува прашање дека сета оваа слика не е ни малку розова, и ние само реално ги согледуваме работите, изјави Вучиќ, порачувајќи дека стратешка цел на Србија е ЕУ. На прашањето дали Австрија го поддржува проектот „Отворен Балкан“, Вучиќ кажа дека го запознал Курц со идеите за Отворениот Балкан и дека очекува детално и темелно да разговараат за ручек, изразувајќи уверување дека Курц и неговата Влада секогаш ќе го поддржуваат она што е во интерес на целиот регион и граѓаните на Србија. Вучиќ, истакна дека Србија е подготвена да се координира со другите земји во решавањето на прашањето за миграцијата од Авганистан, како и дека може да прифати 100 до 150 мигранти, но и дека нема да биде паркинг за бегалци. - Србија досега примила само едно барање, да прими околу 150 жени или девојки од Авганистан од фудбалските клубови. Австрискиот канцелар наведе дека е убеден дека луѓето што го напуштаат Авганистан треба да бидат згрижени во соседните земји со кои Австрија е во контакт. - Пресудна е заштитата на границите и борбата против трговијата. Ова сега е подобро решено на границите на ЕУ отколку во 2015 година. Во меѓувреме, Грција прави големи напори за заштита на границите, а во Германија е променет начинот на размислување, изјави Курц, нагласувајќи дека е важно Србија и земјите од регионот да го дадат својот придонес за решавање на прашањето за миграција. об/ми/

Остани поврзан