• четврток, 26 декември 2024

Вучиќ: Името на мандатарот ќе го соопштам за 48 часа, и Вучевиќ и Брнабиќ ќе бидат во Владата

Вучиќ: Името на мандатарот ќе го соопштам за 48 часа, и Вучевиќ и Брнабиќ ќе бидат во Владата
Белград, 24 август 2022 (МИА) - Името на мандатарот ќе го соопштам во рок од 48 часа, како претседател на Републиката, изјави лидерот на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ. Името го знае, но рече дека не може да го објави како претседател на партијата, туку како претседател на државата, јави дописникот на МИА од Белград. - Или во петок навечер или во сабота наутро - ќе го дознаете името на мандатарот. Имаше дискусии дека некои други треба да бидат, не само од СНС, но огромен број луѓе сакаа да биде еден од нашите двајца кандидати - Брнабиќ или Вучевиќ, рече Вучиќ на прес-конференцијата по седницата на Претседателството на СНС на која се разговарало за прашањето за мандатарот и составот на идната влада и ситуацијата на Косово. - Бидејќи и двајцата кандидати уживаат голема доверба на партиското членство - и Ана Брнабиќ и Милош Вучевиќ, тогаш луѓето не сакаа да се изјасни со гласање, туку рекоа дека ќе ја прифатат онаа одлука што ќе ја изнесам во согласност со уставните овластувања, како претседател на Републиката, а можев да го слушнам мислењето на повеќе од 20 членови на Претседателството на СНС кои го кажаа своето мислење за ова прашање, рече Вучиќ. Тој додаде дека и Брнабиќ и Вучевиќ ќе бидат дел од Владата, а на која функција рече дека ќе се знае за два дена. - Ќе има многу промени во Владата и непартиски ориентирани лица, рече Вучиќ и додаде дека „во рок од 48 часа ќе има одговори за најавената (геј) парада и за се останато“. „Владата ги разгледа извештаите и оваа недела е недела на одлука“, рече тој. Вучиќ истакна дека има милион проблеми. „Досега успеваме и ќе се бориме и се надевам дека ќе бидеме подобри од другите од регионот, иако сме во потешка ситуација поради невоведувањето санкции кон Русија и поради Косово“, рече Вучиќ. об/паг/

Остани поврзан