• четврток, 26 декември 2024

Вучиќ ги почна консултациите за Влада, опозицијата отпатува за Брисел на состанок со пратеници на ЕК

Вучиќ ги почна консултациите за Влада, опозицијата отпатува за Брисел на состанок со пратеници на ЕК

Белград, 26 февруари 2024 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги започна консултациите за мандатар на новата влада, а делегација на опозициската „Србија пртив насилството“ (СПН) се упати во Брисел на средба со пратеници на Европскатта комисија (ЕК) за поддршка во „борбата против изборната кражба и имплементација на препораките од резолуцијата на ЕП и испраќање независна меѓународна мисија која ќе го утврди вистинскиот степен на изборна кражба во Србија“, јави дописникот на МИА од Белград.

Српскиот претседател денеска одржа консултации за мандатар на новата влада со претставници на изборната листа „Продолжува политичката борба на Албанците – Шаип Камбери“ и со листата „Руска партија – Слободан Николиќ“, по што неделава ќе следат средби и со останатите партии кои освоија пратенички места во српското Собрание, но не и со опизициските коалиции СПН и НАДА на ДСС, кои одбија да одат на овие консултации.

Истовремено денес делегација на СПН отпатува за Брисел по подршка од ЕК.

-Очекуваме поддршка за борбата против изборните кражби и имплементацијата на препораките од резолуцијата на ЕП, односно испраќање независна меѓународна мисија која ќе го одреди вистинскиот обем на изборната кражба во Србија, а ќе побараме и започнување на процесот од „Прибе извештајот“, кој треба да претставува модел за решавање на системските проблеми, изјави Радомир Лазовиќ од Зелено-левиот фронт, кој додаде дека Партијата на зелените во Европскиот парламент (ЕП) веќе подготвува извештај за тоа како актуелната власт во Србија ги трошела парите од буџетот на Европската унија (ЕУ).

Утре, на покана на Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на ЕУ, делегациите на Белград и Приштина заминуваат на нова рунда преговори во Брисел, а тема на разговор ќе биде одлуката на Централната банка на Косово за забрана на динарот во Косово.

Веќе за среда се очекува да биде објавен конечниот извештај на ОДИХР за изборите, за кој ниту власта ниту опозицијата немаа негативен збор за соработка со оваа канцеларија на ОБСЕ.

Два дена подоцна, во петок, на дневен ред е и продолжението на конститутивната седница на белградското Собрание на која конечно треба да се види дали во главниот град ќе има мнозинство или ќе се оди на нови избори. об/сд/

Остани поврзан