• среда, 25 декември 2024

Вучиќ: Да живее челичното пријателство на Србија и Кина

Вучиќ: Да живее челичното пријателство на Србија и Кина

Белград, 8 мај 2024 (МИА) - Српскиот и кинескиот претседател Александар Вучиќ и Си Џинпинг пред почеток на официјалните разговори ги поздравија и им се обратија на повеќето илјади граѓани кои присуствуваа на церемонијата на пречекот, при што Вучиќ порача „да живее челичното пријателство на Србија и НР Кина“, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој во обраќањето кажа дека денес се пишува историја и дека за неколку години сите ќе се сеќаваат на овој ден и ќе знаат дека на овој ден е напишана иднината.

Како што имаме јасни ставови за кинескиот интегритет, дека Тајван е Кина, така и тие ја поддржуваат територијата на Србија без никаква резерва. Беа со нас во најтешките моменти, беа со нас и пред 25 години кога оваа земја беше рушена и бомбардирана, заедно со нас платија висока цена, и изгубија луѓе на денешен ден“, рече Вучиќ.

Тој се заблагодари на претседателот Си затоа што, како што рече, се што е изградено во Белград е „благодарение на посилната економија, поддршката за Железарата, рудникот во Бор, приватните инвестиции“.

„Можеме и мораме да направиме уште многу заедно, само небото е граница“, рече Вучиќ. об/паг/

Остани поврзан