• сабота, 23 ноември 2024

Вучиќ: Граѓаните сами да го предадат нелегалното оружје, по што следуваат строги казни

Вучиќ: Граѓаните сами да го предадат нелегалното оружје, по што следуваат строги казни

Белград, 7 мај 2023 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва најави дека ќе бидат преземени построги мерки, со цел да се спречи можноста за повторување на масовните злосторства од минатата недела, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што кажа во интервјуто на РТС, граѓаните од утре добиваат можност сами да го предадат нелегалното оружје во текот на следниот месец без последици, а по тој рок ќе се соочат со строги казни.

-Вчера меѓу Крњача и Овча најдовме неколку автоматски пушки, фрлени 650 куршуми. Ги молам луѓето да одат во полициската станица и да го остават тоа, рече Вучиќ и додаде дека за прв пат се воведува обврска за лицата кои имаат дозвола за оружје.

-Убаво е што некој мисли дека има право да има дозвола, макар и да останат 50.000 луѓе со дозвола. И тоа ќе се контролира барем еднаш годишно, рече Вучиќ.

Тој најави од утре зголемените патроли во близина на училиштата и трговските центри и полицајци во училиштата за да го намалат насилството меѓу врсниците.

Вучиќ вечерва изјави дека телефонски разговарал со министерот за образование Бранко Ружиќ во врска со неговата оставка, но дека не сака да разговара за тоа.

Претходно во емисијата истакна дека утре „на друга телевизија“ ќе презентира одредени политички мерки.

-До крајот на мај ќе има интересни настани во земјава. Пред се, мораме да ја обезбедиме стабилноста на земјата, нагласи тој. об/лв/

фото: принт скрин

Остани поврзан