Вучиќ ги критикуваше директорите на училиштата во кои се протестира, а го спомена и молкот на министрите
- Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека за него е неразбирлив молкот на претставниците на Владата на Србија поради воведувањето на политиката во средните училишта и ги критикуваше директорите на училиштата каде, како што тој рече, „ваделе малолетни деца“ од настава за да учествуваат на протести.
Белград, 17 декември 2024 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека за него е неразбирлив молкот на претставниците на Владата на Србија поради воведувањето на политиката во средните училишта и ги критикуваше директорите на училиштата каде, како што тој рече, „ваделе малолетни деца“ од настава за да учествуваат на протести.
- Што прават директорите на тие училишта? Или се плашите од сопствената сенка па ме убедувате дека малолетните деца треба да се занимаваат со политика? Кои сте бре вие било чие дете да изведувате на улица? Студентите можат да прават што сакаат, полнолетни се, но што правите со децата, праша Вучиќ во Палатата Србија, каде што присуствуваше на седница на Владата на покана на премиерот Милош Вучевиќ.
Тој рече дека воведувањето политика во средните училишта не е дозволено со ниту еден закон никаде во светот, а нема да биде дозволено ниту во Србија.
- Наставниците немаат право на тоа. Што се однесува до студентите, јас сум многу задоволен што ги исполнивме сите барања, рече тој.
Вучиќ ги критикуваше членовите на Владата дека недоволно се бореле и се задоволуваат со тоа еднаш во десет дена да издадат некакво соопштение. јт/