Вучиќ: Генералното собрание на ОН е можност да се слушне гласот на Западен Балкан
- Учеството на Генералното собрание на ОН е „исклучителна можност погласно да се слушне гласот на Западен Балкан“, напиша на социјалните мрежи српскиот претседател Александар Вучиќ, истакнувајќи дека во Њујорк имал бројни средби со лидерите од регионот.
![Вучиќ: Генералното собрание на ОН е можност да се слушне гласот на Западен Балкан](https://new.mia.mk/index.php/images/20230919094422_big_730x400_18.webp )
Њујорк, 19 септември 2023 (МИА) - Учеството на Генералното собрание на ОН е „исклучителна можност погласно да се слушне гласот на Западен Балкан“, напиша на социјалните мрежи српскиот претседател Александар Вучиќ, истакнувајќи дека во Њујорк имал бројни средби со лидерите од регионот.
„Ова е исклучителна можност подобро и погласно да го слушнеме гласот на сите нас од Западен Балкан“, коментираше денеска Вучиќ на своите профили на Инстаграм и Фејсбук.
Тој е во Њујорк за да учествува на 78. сесија на Генералното собрание на ОН.
Вучиќ истакна дека разменил мислења за најважните прашања и можните решенија за некои од погорливите проблеми. паг/
Фото: ЕПА