• среда, 18 декември 2024

Вучиќ: Време е да се формира големо Движење за народот и државата

Вучиќ: Време е да се формира големо Движење за народот и државата

Белград, 13 февруари 2024 (МИА)  - Српскиот претседател  Александар Вучиќ, повторно најавува дека е дојдено време за формирање на „големо Движење за народот и државата“. За такво формирање тој укажуваше неколкупати во изминатитте години, јави Бета.

„Време е да се формира големо Движење за народот и државата, кое ќе има сила да го забрза економскиот раст на Србија и да ги брани нашите национални и државни интереси“, објави Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ неколкупати најавуваше формирање на движењето во текот на 2023 година, но тоа постојано беше одложувано.

Идејата на движењето, како што претходно рече Вучиќ, беше да се соберат неколку партии на едно место, меѓу кои Српската напредна партија, Социјалистичката партија на Србија, како и движења, здруженија и бројни значајни поединци.

Првата идеја беше движењето да се основа на Видовден (28.06.2023), а новата најава на Вучиќ доаѓа во пресрет на Денот на државноста - 15 февруари. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан