• четврток, 19 декември 2024

Вучиќ во вонредно обраќање на јавноста повика на единство и побара граѓаните да нема масовни собири

Вучиќ во вонредно обраќање на јавноста повика на единство и побара граѓаните да нема масовни собири
Белград, 11 мај 2020 (МИА) По повод вечерашните протести пред срспкото собрание на подржувачите на владеачката Српска напредна странка (СНС) и на подржувачите на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, со вонредно обраќање пред јавноста, пренесувана на повеќе телевизијски канали, како што јави дописникот на МИА од Белград, претседателот Алекандар Вучиќ повика на единство и побара граѓаните да се разотидат, да нема масовни собири, поради опасност од епидемијата со коронавирус. -Кога сеуште немаме завршено со епидемијата, недопуштено е да ги изложиме нашите граѓани на здравствени опасности. Се одржува собир на 5790 приврзаници на СНС и на 64 подржувачи на Двери. Би ги замолил луѓето да не се собираат до крајот на мај. Знам дека официјален организатор на собирот не е СНС, туку некое здружение. Јас тие луѓе ги сакам, но но не е одговорно од нив што ги повикаа граѓаните на собир. Потребно ни е единство и заедништво, знаеме кој е мнозинство, тоа се покажуава на избори, кажа Вучиќ. Тој, покрај тоа што побара подржувачите на СНС да се разотидат, ги повика пратениците на неговата партија, Александар Мартиновиќ и Сандра Божиќ, кои бараат „обвинителството да реагира на фашистичките испади на Обрадовиќ“, да прекинат со штрајкот на глад. Во врска со барањето за разговор со опозициајата околу одложување на изборите, што е едно од барањата на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, Вучиќ кажа дека тој „ја повикал опозицијата на разговори, но дека тие му одговориле да со него неможе да се разговара“, додавајќи и дека „со закани не прифаќа разговори.“ Веднаш по обраќањето на Вучиќ, насобраните подржувачи на СНС се разотидоа од пред собранието, додека подржувачите на Обрадовиќ, останаа и понатаму пред собранието, меѓу кои беа и Драган Ѓилас и други лидерите на Сојузот за Србија. Бошко Обрадовиќ изјави дека за време на овие „за него чудни протести“, бил навредуван од подржувачите на СНС, како и дека продолжува со штрајкот со глад. oб/

Остани поврзан