• петок, 20 декември 2024

Вучиќ: Ана Брнабиќ кандидат за претседател на парламентот, Шапиќ за градоначалник на Белград

Вучиќ: Ана Брнабиќ кандидат за претседател на парламентот, Шапиќ за градоначалник на Белград

Белград, 6 март 2024 (МИА)-Претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ изјави дека на седницата на Претседателството на СНС било договорено кандидат за претседател на Собранието на Србија да биде Ана Брнабиќ, а кандидат за градоначалник е Александар Шапиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ана Брнабиќ е моето најпозитивно изненадување, таа најмногу напредуваше, се бореше толку силно и храбро, изјави претседателот Александар Вучиќ.

Тој се осврна и на поранешниот претседател на Собранието Владимир Орлиќ.

-Верувам дека Орлиќ ќе има значителни обврски на друго место, рече Вучиќ.

Како што додаде, за таа функција повторно кандидат е актуелниот градоначалник на Белград, Александар Шапиќ.

Вучиќ најави дека составот на новата Влада на Србија и мандатарот ќе биде предложен за седум до десет дена.

По изјавата на Вучиќ се огласи премиерката на Србија, Ана Брнабиќ која изјави дека најголема чест во животот и е што била седум години на чело на Владата на Србија. Таа изјави дека функцијата претседател на Народното собрание, за која е предложена, ќе биде голем предизвик за неа.

-Направивме многу работи и мојата најголема чест беше да работам рамо до рамо со претседателот Александар Вучиќ и не само за мене, и за моето семејство. Така што ова е доста емотивно. Направивме многу работи заедно. Направивме сè како тим. Мислам дека тоа придонесе за стабилноста на Србија и за јасна насока за иднината, изјави Брнабиќ. об/

Остани поврзан