• среда, 25 декември 2024

Вучевиќ му се заблагодари на Верхеји за честитката: Ќе работиме на европскиот пат на Србија, но и на одбрана на националните интереси

Вучевиќ му се заблагодари на Верхеји за честитката: Ќе работиме на европскиот пат на Србија, но и на одбрана на националните интереси

Брисел/Белград, 3 мај 2024 (МИА) – Новиот српски премиер Милош Вучевиќ му се заблагодари на еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји за честитката за изборот на неговата Влада, изразувајќи подготвеност да работи на европскиот пат на Србија, но и на одбрана на нејзините национални интереси. 

Вархеји утрово во објава на Икс упати честитки за вчерашниот избор на новата Влада на Србија предводена од Вучевиќ. 

- Честитки до премиерот Милош Вучевиќ и неговата нова влада! Со нетрпение очекувам да работиме со вас на пристапот на Србија во ЕУ, наведе Вархеји во објавата. 

Вучевиќ во одговор на објавата му се заблагодари на Вархеји за честитките, најавувајќи подготвеност за соработка во европската интеграција на Србија. 

- Ни претстои многу работа за да за да ги постигнеме нашите заеднички цели, а Вашата помош на тој пат добро ќе ни дојде. Србија темелно ќе ги спроведе сите реформи кои се неопходни за да го забрза својот европски пат, а во исто време и да ги брани сопствените национални интереси и правото на суверено одлучување, наведе Вучевиќ во одговорот на честитката на Икс. 

Српското Собрание вчера со 152 гласа „за“ и 61 „против“ ја избра новата Влада на Србија на Вучевиќ, која брои 31 член, од кои петмина министри без ресор. На седницата присуствуваа 213 од вкупно 250-те пратеници во српското Собрание. 

Уште пред изборот на Владата, портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано вчера изјави дека ЕУ со нетрпение очекува да соработува со неа и очекува таа да испорачува резултати во однос на стратешките цели на Србија.  

Ndihma prej një miliard euro nga BE-ja për Libanin për periudhën prej 2024 deri 2027 që sot e ka paralajmëruar kryetarja e Komisionit Evropian, Ursula fon der Lajen në Bejrut përbëhet nga gra

- Србија е земја кандидат за членство и го посочува пристапувањето во ЕУ како свој стратешки приоритет, па Европската Унија и земјите членки очекуваат тоа да го покаже и во пракса, нагласи Стано. 

Според него, Србија знае што се очекува од неа како земја кандидат за членство во ЕУ кога станува збор за исполнување на критериумите, особено за оние поврзани со надворешната политика и за усогласување на заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.  

- Членството во ЕУ е стратешки избор и очекуваме од Србија и нејзината Влада, независно во кој состав, да ја демонстрираат посветеноста на европскиот пат, во интерес на нејзиниот народ и на нејзиниот кредибилитет, бидејќи одлуката да се избере европската интеграција за стратешка цел беше донесена од српските власи. Затоа очекуваме од нив да испорачаат и секој член на Владата да работи на таа цел колку што може, додаде Стано. сп/ 

Фото: МИА Архива/Икс

Остани поврзан