• четврток, 26 декември 2024

Вупи Голдберг во „Сестри во акција 3“

Вупи Голдберг во „Сестри во акција 3“
Лос Анџелес, 5 ноември 2021 (МИА) - Американската глумица Вупи Голдберг ќе ја повтори својата улога во третото продолжение на „Сестри во акција“ (Sister Act 3). Продуцент на филмот е Тајлер Пери, а ќе го режира Тим Федерле. Пред 29 години, првиот дел од филмот заработи дури 231 милион долари. Вториот дел беше објавен наредната 1993 година. Вупи Голдберг во интервју со Џејмс Корден лани навести дека работата на проектот е во тек. - Долго време велеа дека луѓето престанале да се интересираат за овој филм. Испадна дека не е така!, рече таа. Засега не се познати подробности, но гласините говорат дека „Сестри во акција 3“ ќе биде објавен на стрим-сервисот „Дизни плус“.  си/ми/

Остани поврзан