• недела, 22 декември 2024

Вулкан на Алеутските острови исфрли пепел

Вулкан на Алеутските острови исфрли пепел
Вашингтон, 4 јануари 2020 (МИА) - Вулканот Шишалдин на Алеутските острови денеска исфрли пепел во висина на околу седум километри, соопшти Опсерваторијата за вулкани на Aлјаска. Вулканот се наоѓа на околу илјада километри југозападно од Енкориџ, на островот Унимак, најголем на Алеутите, кој припаѓа на Алјаска. На падините е селото Фолс Пас, во кое живеат 40 луѓе. Научникот од Универзитетот во Алјаска, Дејвид Фи рече дека облакот од пепел исфрлен од вулканот не претставува опасност за селото. Ерупцијата на вулканот Шишалдин, висок 2.857 метри, ја снимиле сателити и неколку пилоти, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за летови над 7.300 метри, поради лошата видливост. паг/  

Остани поврзан