• четврток, 26 декември 2024

Вулканот Шивелуч втор ден исфрла пепел

Вулканот Шивелуч втор ден исфрла пепел

Москва, 12 април 2023 (МИА) -  Вулканот Шивелуч на рускиот полуостров Камчатка веќе втор ден исфрла пепел.

Ерупцијата на еден од најактивните вулкани на Камчатка почна вчера, а вулканската пепел се прошири на 500 километри северозападно и покри неколку села.

Геофизичкиот истражувачки центар на Руската академија на науките соопшти дека ерупцијата продолжила и денеска и дека вулканот исфрла облаци од прашина до 10 километри височина.

Од почетокот на ерупцијата, оваа област е затворена за летови, а на жителите им се советува да останат во затворени простории.

Шивелуч има два дела - Стар Шивелуч со висина од 3.283 метри и помал, многу активен Млад Шивелуч.

Камчатка е лоцирана на 6.600 километри источно од Москва и има 160 вулкани, од кои околу 30 се активни. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан