• петок, 27 декември 2024

Вулканот Синабунг на Суматра повторно испушта облаци чад

Вулканот Синабунг на Суматра повторно испушта облаци чад
Џакарта, 11 март 2021 (МИА) - Вулканот Синабунг на островот Суматра во Индонезија денеска исфрли лавина гасни облаци кои се спуштаа за време на ерупцијата. Стратовулканот во провинцијата Северна Суматра исфрла чад и камчиња до висина од 1.000 метри, а облаците со врела пепел патувале до три километри југоисточно, соопшти индонезискиот Центар за вулканологија и ублажување на геолошката опасност. Според официјални лица, нема жртви од ерупцијата, а на локалното население му било препорачано да остане на 5 километри од кратерот и да биде свесно за опасностите од лавата. Синабунг беше во мирување четири века пред да експлодира во 2010 година, кога загинаа две лица. Во друга ерупција во 2014 година загинаа 17 лица, додека седум починаа во ерупцијата во 2016 година. Вулканот, еден од двата што моментално избувнуваат во Индонезија, од тогаш спорадично заживува. Во последните неколку години, околу 30.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови околу Синабунг. паг/  

Остани поврзан