• недела, 24 ноември 2024

Вулканот Килауеа на Хаваите почна да исфрла жешка лава по двомесечна пауза

Вулканот Килауеа на Хаваите почна да исфрла жешка лава по двомесечна пауза

Хонолулу, 11 септември 2023 (МИА) - Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, еруптираше по двомесечна пауза, исфрлајќи жешка лава, но безбедноста на луѓето и објектите во националниот парк на Големиот остров не е загрозена.

Хавајската опсерваторија на вулканите соопшти дека Килауеа еруптирала вчера попладне.

Килауеа еруптираше во јуни неколку недели, исфрлајќи вжештена лава, а луѓето се собраа во националниот парк на Големиот остров за да ја гледаат ерупцијата. мс/

фото: Принтскрин/Јутјуб

Остани поврзан