• четврток, 26 декември 2024

Вулверхемптон победи на „Стемфорд бриџ“ за прв пат од 1979 година

Вулверхемптон победи на „Стемфорд бриџ“ за прв пат од 1979 година

Лондон, 4 февруари 2024 (МИА) - Вулверхемптон победи на „Стемфорд Бриџ“ за прв пат по 45 години. Во денешниот натпревар од 23. коло на Премиер лигата, Волвс го победија Челзи на гостински терен со резултат 4:2.

Претходно, Вулверхемптон немаше победа на „Стемфорд бриџ“ од 1979 година.

За „Сините“ од Лондон ова е втор пораз во низа. Избраниците на Маурисио Покетино на 31 јануари загубија од Ливерпул (1:4).

Севкупно, „сините“ немаат победа веќе три меча. На 26 јануари ремизираа со Астон вила (0:0) во ФА Купот. На 7 февруари тие ќе го одиграат реваншот, на теренот на Астон вила во Бирмингем.

По 23 кола Челзи се наоѓа на 11. место со 31 бод, додека Волвс се едно место погоре (10) со 32 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан