• среда, 27 ноември 2024

Вулверхемптон е подготвен да му понуди на Траоре нов договор со плата од 110 илјади евра неделно

Вулверхемптон е подготвен да му понуди на Траоре нов договор со плата од 110 илјади евра неделно
Лондон, 19 октомври 2020 (МИА) - Напаѓачот на Вулверхемптон, Адам Траоре е близу до продолжување на договорот со клубот, пренесува „The Sun“. Според изворот, „волците“ се подготвени на 24-годишниот Шпанец да му понудат 4-годишен договор со плата од 110 илјади евра неделно. Претходно, медиумите објавија за интересот на играчот пројавен од страна на Ливерпул и Барселона. Во сезоната 2020/21, Траоре одигра пет натпревари за Вулверхемптон. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра. зс/

Остани поврзан