• четврток, 26 декември 2024

Вуковиќ: Ѓукановиќ сакаше да замине, но не му дозволивме

Вуковиќ: Ѓукановиќ сакаше да замине, но не му дозволивме
Подгорица, 3 март (МИА) - Пратеничката на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Александра Вуковиќ изјави дека сегашниот претседател на државата и претседател на партијата, Мило Ѓукановиќ „сакал да си замине“, но не му дозволиле. Како што пренесува „Вјести“, таа ова го соопшти на една од предизборните трибини на ДПС во Никшиќ, на која присуствуваше и Ѓукановиќ. - Тој мислеше оваа борба да им ја препушти на новите генерации, но ние не му дадовме. И овде е со нас, ... и затоа, да станеме сите, да бидеме убедливи и сигурни во нашата победа. Немојте да се посомневате во ниту еден момент, сакам да видам насмевка на сите лица, рече Вуковиќ. Локалните избори во Никшиќ се закажани за 14 март. паг/

Остани поврзан