• четврток, 26 декември 2024

Втрчала гола во емисија во живо и фрлила цигла кон водителката

Втрчала гола во емисија во живо и фрлила цигла кон водителката
Букурешт, 22 март 2021 (МИА) - На интернет се појави видеоснимка од една романска телевизија за тоа како гола жена влетува во ТВ-студиото среде пренос во живо и фрла цигла кон водителката Мирела Вајда. На снимката се гледа и како режисерот веднаш реагира и се обидува да ја запре жената, но таа сепак успева да ја фрли тулата. За среќа, тврдиот предмет ја промаши водителката и падна близу неа. Причината и мотивите за овој настан се уште не се познати, но романските медиуми пишуваат дека жената влегла во зградата преку страничен влез. „Што, по ѓаволите се случи овде?“, „Кога ќе помислиш дека си видел се...“ - се дел од коментарите на гледачите и следачите.  си/сд/

Остани поврзан