• вторник, 17 март 2026

Втор „шешир“ за македонскиот ракометен тим за квалификациите за Европското првенство 2028

Втор „шешир“ за македонскиот ракометен тим за квалификациите за Европското првенство 2028

Виена, 16.март 2026 (МИА) – Европската ракометна федерација ги објави „шеширите“ за квалификациите за ЕП 2028 година што ќе се игра во Шпанија, Португалија и Швајцарија. Според рејтингот македонскиот ракометен тим е рангиран во вториот „шешир“ заедно со Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка и Италија. Ова се репрезентации против кои македонските ракометари нема да играат.

32-те репрезентации се поделени во четири „шешири“. Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи по четири репрезентации.

Прв „шешир“: Германија, Хрватска, Исланд, Шведска, Франција, Норвешка, Унгарија, Словенија

Втор „шешир“: Македонија, Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка, Италија

Трет „шешир“: Литванија, Босна и Херцеговина, Белгија, Грција, Украина, Романија, Грузија, Црна Гора

Четврти“ шешир“: Естонија, Летонија, Турција, Косово, Луксембург, Израел, Финска, Словачка.

Извлекувањето на групите ќе се одржи во Лисабон на 26.март, а на шампионатот ќе учествуваат 24 репрезентации, двете првопласирани селекции од групите како и четири од осумте најдобро третопласирани репрезентации. Познати се четири држави кои ќе учествуваат на Европското, а тоа се: Шпанија, Португалија и Швајцарија како домаќини и Данска како европски првак. Мн/

Фото: РФМ

Остани поврзан