• сабота, 23 ноември 2024

Втор протест во Струмица против мерките за Ковид-19

Втор протест во Струмица против мерките за Ковид-19
Струмица, 22 август 2021 (МИА) - Под мотото „Марш за слобода и еднакви права“, вечерва во Струмица се одржа втор протест против мерките за Ковид-19. Со извици „Сакаме слобода“ и „Мое тело, мој избор“ учесниците во протестниот марш најпрвин се заблагодарија на медицинскиот персонал за нивниот ангажман во борбата против пандемија, но и ги повикаа и да се приклучат на протестот. Како што беше кажано, тие имаат четири барања до Владата и се додека не биде исполнето и последното нема да отстапат. -Да се почитува правото на слободен избор и ги отфрламе сите мерки за селективост и кон вакцинираните и кон невакицинираните, а одлуката за вакцинирање мора да биде индивидуална, да не се спроведува никаква програма врз децата за имунизација во образовниот систем без писмена дозвола од родител или старател и работното место да не биде услововувано со вакцинација, беше речено на вечерашниот протест. И пред седум денови имаше протест на граѓите во Струмица против мерките за заштита од Кови -19 и тогаш беа истакнати истите барања. рт/са/

Остани поврзан