• среда, 13 ноември 2024

Втор пораз на Пелистер во АБА 2

Втор пораз на Пелистер во АБА 2

 

Битола, 30 октомври 2024 (МИА) – Македонскиот кошаркарски вицешампион Пелистер загуби вечерва пред своите гледачи во Битола од српскиот тим Џокер со 77-81 и со вториот пораз во третиот натпревар значително ги намали шансите за пласман на едно од првите две места во групата Ц во АБА 2 лигата.

Во израмнет натпревар, битолскиот тим имаше три поени предност на полувремето (38-35), но гостите од Сомбор дојдоа до резултатски пресврт во третата четвртина која ја решија во своја корист со 25-16 и ја зачуваа предноста до самиот крај на дуелот во салата „Боро Чурлевски“.

Најефикасни во редовите на Пелистер беа Едвардс со 18 и Мишковиќ со 16 поени.

По третото коло на табелата води Џокер со максимален ефект пред Подгорица (2-1), Пелистер (1-2) и Широки Брег кој е на последното место со три порази.

Во следното коло Пелистер му гостува на Џокер на 12 ноември. ег

ФОТО: КК Пелистер/Фејсбук

Остани поврзан