• сабота, 21 декември 2024

Втор пораз на Вардар 1961 во ЛШ

Втор пораз на Вардар 1961 во ЛШ
Алборг, 20 октомври 2021 (МИА) - Ракометарите на Вардар влегоа во серија од два едноподруго порази во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва загубија на гостувањето во Данска против европскиот вицешампион Алборг со 33-29 (16-13). Данскиот состав со серија од 3-0 во финишот на полувремето замина на пауза со предност од три голови разлика, која веќе на стартот на второто полувреме ја удвои, а во неколку наврати достигна и највисоки плус седум. Со серија одбрани на голманот Мартин Томовски, ракометарите на Вардар ја намалија предноста на Алборг на 29-27 на четири минути пред крајот, но немаа сили да го избегнат вториот пораз во петтиот натпревар во групата А. Алборг со триумфот се искачи на водечкото место на табелата со осум бодови, додека Вардар со пет бодови е на делба од четвртото до шестото место. Најефикасен во редовите на црвено – црните“ беше Тимур Дибиров со девет голови, сите постигнати во првото полувреме, додека Томовски запиша девет одбрани на голот. Во следното коло Вардар го пречекува германски Кил, идната среда во Скопје. ег/сп/

Остани поврзан