• вторник, 24 декември 2024

Втор пораз за македонските фудбалерки во квалификациите за СП

Втор пораз за македонските фудбалерки во квалификациите за СП
Скопје, 21 септември 2021 (МИА) – Македонската женска фудбалска федерација вечерва во Скопје загуби од Австрија со 6:0. Головите на Национална арена „Тодор Проески“ ги постигнаа Била (три), Ашуер (два) и Хобингер. Ова е втор пораз за избраничките на селекторот Кирил Изов во исто толку натпревари во квалификациите за Светското првенство 2023, додека Австријките имаат максимални две победи. Следниот натпревар „црвено-жолтите“ го играат на гостински терен со Летонија на 21 октомври. зс/

Остани поврзан