• среда, 27 ноември 2024

Втор пораз за македонските кошаркари во евро-квалификациите

Втор пораз за македонските кошаркари во евро-квалификациите
Перм, 23 февруари 2020 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа вториот пораз во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021. „Црвено-жолтите“ попладнево загубија во Перм на гостувањето кај Русија со 77:67. Избраниците на селекторот Александар Тодоров добро го орворија мечот и ја добија првата четвртина со 20:19. Во вториот период домаќините постигнаа 19, а нашите 16 поени, па на полувреме со отиде со резултат 38:36 за фаворитот. Голема борба се водеше и во второто полувреме. Рустите го контролираа резултатот, но не успеаја да се одлепат, а во 38. минута македонските кошаркари се доближија на минус три (70:67), но „зборнаја“ не дозволи изненадување и на крајот се радуваше на првиот успех во овие квалификации. Во вториот натпревар од 2.коло во Б-групта, вечерва играат Естонија и Италија. зс/

Остани поврзан