Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие
- СООПШТЕНИЕ - Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“, финансиран од Европската унија, објави Втор повик за финансиска поддршка за: А) Промовирање на иновативни инвестициски проекти во земјоделството, шумарството и земјоделско-прехранбената индустрија, Б) Подобрување на конкурентноста преку унапредување на соработката меѓу земјоделците во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот плански регион и Преспанскиот регион.
17 април 2024
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“, финансиран од Европската унија, објави Втор повик за финансиска поддршка за: А) Промовирање на иновативни инвестициски проекти во земјоделството, шумарството и земјоделско-прехранбената индустрија, Б) Подобрување на конкурентноста преку унапредување на соработката меѓу земјоделците во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот плански регион и Преспанскиот регион.
Крајниот рок за достава на пријавите за грант е 22 април 2024, 16:00 часот по локално време.
Вкупниот индикативен износ на инвестициските акции поддржани во рамките на овој повик за поднесување финансиска поддршка е 11.747.423 денари. Секоја инвестициска акција во рамките на овој повик за финансиска поддршка мора да се движи помеѓу следниот минимален и максимален износ:
минимален износ: 1.230.000 денари
максимален износ: 2.460.000 денари.
Деталните упатства и потребните обрасци за аплицирање можете да ги преземете подолу:
Повик за финансиска поддршка / Водич за подносители на пријави за грант
Обрасци за поднесување пријава:
Прилог А – Образец: Пријава
Прилог Б – Образец: Буџет
Повик за финансиска поддршка/Водич за подносители на пријави за грант (албански).
Проектот „АгроСмарт - Развој на модерно и одржливо земјоделство“ е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од МРФП во партнерство со Хемера и ЦЕП Можности.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП)
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива