Втор октомвриски коњички турнир и финално коло во дресурно јавање претстојниот викенд
- На теренот на клубот Анималс во Дрма - Идризово (скопско) претстојниот викенд ќе се одржи вториот Октомвриски коњички турнир, како и 3. коло – финале од Отвореното државно првенство во дресур
![Втор октомвриски коњички турнир и финално коло во дресурно јавање претстојниот викенд](https://new.mia.mk/index.php/images/20221114003258_big_730x400_27.webp )
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) – На теренот на клубот Анималс во Дрма - Идризово (скопско) претстојниот викенд ќе се одржи вториот Октомвриски коњички турнир, како и 3. коло – финале од Отвореното државно првенство во дресурно јавање.
- На прогрмата се четири натпревари: во категорија А, категорија М, категорија ЛМ и категорија Пони со избор на слободна програма и музика во траење од 3-4 минуити, соопштија од Федерацијата на коњички спортови.
Натпреварите се закажани за 15 октомври (сабота) со почеток во 11 часот. зс/