Втор Ноемвриски коњички турнир претстојниот викенд на хиподромот во Маџари
- Клубот за коњички спорт Илинден од Скопје в сабота (20 ноември) на хиподромот во Маџари ќе го организира вториот Ноемвриски коњички турнир и 6. коло финале од отвореното Државно првенство во
![Втор Ноемвриски коњички турнир претстојниот викенд на хиподромот во Маџари](https://new.mia.mk/index.php/images/20221108224821_big_730x400_18.webp )
Скопје, 18 ноември 2021 (МИА) – Клубот за коњички спорт Илинден од Скопје в сабота (20 ноември) на хиподромот во Маџари ќе го организира вториот Ноемвриски коњички турнир и 6. коло финале од отвореното Државно првенство во прескокнување на пречки за 2021 година.
На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц и Д со височина на пречките од 1,00 м. до 1,20/1,30 метра со можни два баража
По завршувањето на натпреварите следува официјално прогласување на првите три пласирани во Генерален пласман со доделување на пехари и медали во Државното првенство по шест кола и Лига првенството по четири кола. зс/