• среда, 27 ноември 2024

Втор ден протести во Аден против јеменската влада

Втор ден протести во Аден против јеменската влада
Аден, 17 март 2021 (МИА) - Стотици луѓе протестираа денеска во Аден, втор ден по ред, против јеменската влада, укажувајќи на лошите услови за живот и зголемувањето на цените.
Некои носеа знамиња на бунтовничкото движење Хути, кое контролира голем дел од северот и главниот град на земјата Сана, некои го покажуваа знакот V како победа и се собраа во близина на канцеларијата на Обединетите нации.
Жителите на Аден сметаат дека владата не сторила ништо за да се запре инфлацијата или да се решат постојаните прекини на електричната енергија. Во Јемен се води војна од 2014 година помеѓу бунтовниците Хути, кои денес контролираат голем дел од северот на земјата и владините сили чиј штаб е во Аден. Хутите се поддржани од Иран, а владините сили се коалиција предводена од соседна Саудиска Арабија. Покрај граѓанската војна во која загинаа десетици илјади луѓе, Јемен е една од најсиромашните земји, каде 80 проценти од населението зависи од меѓународна помош. паг/  

Остани поврзан