• сабота, 23 ноември 2024

Второ издание на Скопски градски фестивал

Второ издание на Скопски градски фестивал
Скопје, 16 октомври 2021 (МИА) - Второто издание на Скопскиот Градски Фестивал ќе се одржи денеска во Домот на Армијата, во организација на Баги Комуникации. Со промоција на својот нов албум насловен „Fragments„ ќе настапат македонската група Зулу 3.4. Зулу 3.4 е инструментален бенд од Скопје, основан во март 2018 година од тројца млади љубители на џезот, чија цел беше да создадат уникатен звук преку спојување различни стилови и да внесат свежина на македонската музичка сцена. За годинава се најавени и настапите на словенечко-српското дуо со македонски корени Атанасовски-Хаџиманов дуо и грчкиот виртуоз на хармоника со неговата група Thanos Stavridis & drom. Васко Атанасовски е водечки словенечки и европски саксофонист, а Васил Хаџиманов е најдобриот светски џез-пијанист на електрично пијано. Танос Ставридис e водечки грчки музичар, факултетски професор и еден од најдобрите европски инструменталисти на хармоника. Тој ќе го промовира својот нов албум „Spicey Margarita”, прогласен за еден од најдобрите европски World music албуми во 2021 година. Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје. Влезот за публиката ќе биде бесплатен и возможен само со потврда за целосна вакцинација (со две дози). мс/    

Остани поврзан