• петок, 27 декември 2024

Предлог одлука за прераспределба на буџетски средства пред Комисијата за финансирање и буџет

Предлог одлука за прераспределба на буџетски средства пред Комисијата за финансирање и буџет

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Предлог одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Целта на предложената одлука е соодветна реалокација на средствата помеѓу буџетските корисници со цел финансирање на приоритетните потреби на буџетските корисници во функција на подобрена реализација на Буџетот за 2024 година, стои во образложението на Владата. 

Со прераспределбата на средствата треба да се обезбедат дополнителни средства за трансфери кон ПИОМ по основ на транзициски трошоци поврзани со пензиската реформа и за законските обврски поврзани со исплатата на пензиите, за исплата на субвенции за земјоделците, за проширување на проектот Safe City, за трансфери кон ФЗОМ по основ на обврски за придонеси за задолжително здравствено осигурување на лица кои немаат по ниту еден основ здравствено осигурување и за исплата на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, за поврат на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во заштитните друштва, за исплата на социјални надоместоци, за радиодифузната дејност, за социјални услуги, персонална асистенција, помош и нега во домот.

Исто така, за финансиска помош на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје, за подмирување на обврски по основ на Програмата за рамномерен регионален развој, за подмирување на обврски за храна на осудени лица, за надградба на информациониот систем за човечки ресурси, за реализација на Програмата за здравствена заштита на животните, за лекови за пациенти со ретки болести, за проекти за изградба и реконструкција за водоводи, за реализација на Годишната програма за распределба и користење на средства за проекти во комуналната инфраструктура за 2024 година.

Средства ќе се обезбедат и за здравствено осигурување на корисниците за социјална помош, за реконструкција, стручен надзор и изградба на полициски станици, за реконструкција и доградба на објекти на ЈЗУ, за набавка на вакцини за појава на епидемија на деца и зголемена количина на ХПВ вакцини, за обврски кон ЈЗУ за здравствени услуги за лица заболени од малигни заболувања, за набавка на инсулин, за адаптација и изградба на објекти за социјална заштита, домови за стари лица и детски градинки, за режиски трошоци за ученички и студентски домови, студентски стипендии и партиципација во студентски домови, за доспеани обврски за градежни активности за регионалните центри за стручно образование, за реализација на проекти и годишна програма во областа на културата и др.лв/ев/

фото: МИА архива 

Остани поврзан