• среда, 25 декември 2024

Втор модул на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование

Втор модул на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование
Скопје, 7 мај 2022 (МИА) - Викендов се одржува вториот модул на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование во соработка со Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ). Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, вториот модул на Школата за политики го отворија проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, советник на Претседателот за правни прашања и вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) во Северна Македонија. - Учесниците на Школата за политики во рамки на вториот модул имаат можност да ги унапредат знаењата во областа на парламентарната демократија и претставничкото управување, функционирањето на Собранието на Република Северна Македонија, законодавната постапка и можностите за учество на јавноста во креирање на јавните политики, се вели во соопштението. Во таа насока, беше одржана панел-дискусија на која учествуваа повеќе пратеници од Собранието на Република Северна Македонија, координатори на пратенички групи од власта, Јован Митрески од СДСМ, Арбер Адеми од ДУИ и опозицијата, Никола Мицески од ВМРО-ДПМНЕ и Артана Ќазими од Алијанса за Албанците, а обраќања на тема „Собранието како темел на парламентарната демократија“ имаа потпретседателот и генералната секретарка на Собранието, Горан Мисовски и Цветанка Иванова. Со цел приближување на работата на Собранието до младата популација беше одржана и едукативна активност „Имам став!“, во која учесниците ја симулираа работата на законодавниот дом. - Во текот на утрешниот ден, дебатата ќе биде фокусирана на перцепцијата на граѓаните за Собранието, квалитетот на парламентарната дискусија и колку истражувањето на јавното мислење влијание врз јавните политики. Предавање ќе одржи Влора Речица од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, а професорот Александар Љ. Спасов ќе се осврне на политичкиот говор, неговата структура, содржина и изведба, се наведува во соопштението. Целта на тренинзите во рамки на вториот модул е развивање на свеста кај младата популација за придобивките на демократијата, нивно поттикнување и подготовка за општествена и политичка вклученост и критичност. мс/бк/  

Остани поврзан